Центарот за управување со кризи инфомира дека денеска, среда 26.08.2026 на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 14 пожари.
Од вкупно регистрираните пожари на отворен простор, активни се пет пожари, три се под контрола, додека шест пожари се изгаснати.
И по цела недела, се уште гори помеѓу селата Морани, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград.
Покрај овој голем пожар, активни пожари има и во општините Македонски брод, Чашка, Зелениково, Росоман и Госривар.
Под контрола е пожарот на градската депонија во Кавадарци и депонијата во Делчево, како и пожарот каде гори шума во селото Тајмиште општина Кичево.
Во изминатото деноноќиие, изгаснати се пожари во општините Градско, Желино, Теарце и Градско.