Ако не го поседуваш кодот, не го поседуваш ни сопствениот бизнис

Гасењето или ограничувањето на моќни AI модели покажува колку се ранливи малите економии кога својот развој го градат врз затворени платформи што можат да бидат исклучени однадвор.

Во објава на социјалните мрежи, Демијан Хаџи-Ангелковски предупредува на ризиците од зависноста од затворени AI системи и ја отвора темата за дигиталната независност на малите економии.

“Американската влада пред неколку часа изврши притисок врз Anthropic за целосно гасење на нивните најмоќни AI модели, Fable 5 и Mythos 5

Ова веќе не е теорија. Едно писмо од Вашингтон ги исклучи најдобрите модели во светот за сите.

Знам дека на повеќето ова нема да им изгледа толку важно, меѓутоа за Македонија и Балканот ова е ладен туш. Да, ние сме премногу небитни во глобалната геополитика за некој воопшто да помисли на нас кога потпишува рестрикции за извоз. Ние немаме наши лаборатории, немаме суперкомпјутери, а немаме ниту политичка моќ за да преговараме посебен пристап.

Кога ќе дојде следната забрана, а ќе дојде, ќе бидеме меѓу првите исклучени, а последни ќе нè вратат. Ако воопшто нè вратат.

Во последниве шест месеци, многу бизниси почнаа да користат АИ за работа, особено ИТ компаниите. Секој наш бизнис, секој менаџер и секоја државна институција што слепо се потпира на затворени, американски платформи, во моментов свесно потпишува сопствен колапс. Градиме бизнис модел врз инфраструктура што некој странец може да ни ја одземе со еден обичен допис. Буквално плаќаме кирија за мозок на кој немаме сопственост.

Единствениот реален спас е целосен фокус на „open-weight“ модели. Локална интелигенција. Технологија која можеме самите да ја стартуваме, да ја тренираме на наши сервери и да ја задржиме активна, без разлика што решиле Вашингтон или Брисел. Не „отворен код кога им е згодно“, туку модели кои никој од надвор не може да ги исклучи со едно притискање на копче.

Ова веќе не е техничка дебата за програмери. Ова е прашање на економски суверенитет: дали малите земји ќе имаат право на развој или пак ќе нè остават заглавени во минатиот век.

Време е да престанеме да се лажеме дека затворените системи се сигурни. Не се. Ако не го поседуваш кодот, не го поседуваш ни сопствениот бизнис.”

Оригиналната објава може да ја погледнете на следниот линк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс