AI вируси кои напаѓаат во секунда: нова ера на сајбер закани во 2026

Ескпертите предупредуваат за експлозивен раст на AI-управувани сајбер напади кои делуваат во реално време и ги надминуваат традиционалните безбедносни системи.


Ерата во која хакерите поминуваа часови пред екрани е завршена, бидејќи новата генерација на AI малвери носи напади кои се случуваат во секунди и на кои човечкото око и традиционалните антивирусни системи не успеваат да реагираат навреме.

Експертите предупредуваат дека ова е криза каква што досега не е видена, а според најновиот CrowdStrike 2026 Global Threat Report бројот на напади кои користат вештачка интелигенција пораснал за неверојатни 89% за само една година, додека Светскиот економски форум истакнува дека AI ранливостите станаа најбрзо растечки ризик за глобалната стабилност, што го потврдуваат речиси 90% од експертите за безбедност.

Новите автономни агенти и малвери во реално време ги скенираат слабостите на системите и го менуваат својот код побрзо отколку што било кој безбедносен софтвер може да реагира, со што практично ја елиминираат можноста за навремена заштита.

Експерти од компанијата Foresiet предупредуваат дека повеќе не постои време за класични анализи и дека без автоматизирана одбрана базирана на вештачка интелигенција, компаниите се во сериозен ризик од пораз во судирот со современите дигитални закани. Дополнително, се развива и концептот на таканаречена физичка AI, каде интелигенцијата управува со роботи и машини во реалниот свет, што носи ново ниво на опасност бидејќи хакиран робот повеќе не претставува само дигитален, туку и физички ризик.

Како клучни мерки за заштита се препорачува премин на zero trust архитектура, користење на AI системи за одбрана кои реагираат во реално време и засилена едукација за deepfake измами, кои сè почесто се користат за кражба на податоци и социјален инженеринг. Заклучокот на експертите е јасен: дигиталните закани во 2026 година се побрзи од кога било, а одбраната мора да се развива со истата брзина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни