Search

Електричен велосипед кој носи товар од 200 килограми и поминува 200 километри со едно полнење

Канадската компанија Дост одлучи да развие електричен велосипед кој не само што ќе се користи за кратки градски патувања, туку и ќе може да ги замени автомобилите во одредени ситуации. Нивниот најнов е-велосипед, наречен Crate, е дизајниран со идеја да се користи како товарно електрично возило на две тркала, кое може да превезе едно лице со просечна тежина од околу 70 килограми до растојание од 200 километри, со еден полнење на двојната батерија.

Но, долгиот домет не е главната идеја на Дост, бидејќи фокусот им е на транспорт на товар до 200 килограми, што секако ќе го намали неговиот досег на максимални 100 километри. И покрај ваквите перформанси тој нема да отстапува од димензиите на класичниот, градски велосипед.

Овој електричен велосипед ќе работи на 750W Bafang M600 погон кој произведува вртежен момент до 92 lb-ft (125 Nm). Возачите можат да избираат помеѓу пет различни режими на движење, контролирани од сензорот за вртежен момент. Тоа не е единствениот начин на контролирање на брзината. Велосипедистот ќе може и директно да ја приспособи моќноста на моторот преку ротационата гас рачка поставена на кормилата. Стандардна литиумска батерија е позиционирана во долната рамка на велосипедот. Во тој дел е оставен и простор за дополнителна батерија со која ќе се зголеми вкупниот капацитет на 1200 Wh и 25 Ah.

Од компанијата Дост велат дека велосипедот може да превезува возач и две мали деца или возач и еден возрасен, што значи дека може да превезе две возрасни лица и едно мало дете.

Извор: dostbikes.com

Најново

Последни колумни