Таблетите за машина за миење садови најчесто се користат исклучиво во машината, но поради нивниот силен состав за разградување маснотии и остатоци од храна, тие можат да бидат корисни и во други делови од домот, доколку се користат внимателно. Експертите предупредуваат дека при нивна употреба секогаш треба да се носат заштитни ракавици, бидејќи содржат силни хемиски средства.
1. Отстранување на загорена маснотија во рерна
Загорената нечистотија во рерната може да се омекне со навлажнета таблета. Се нанесува директно на критичните места, се остава кратко да делува, а потоа темелно се брише со чиста вода.
2. Чистење на загорени садови
Шерпи и тави со загорени остатоци полесно се чистат ако се наполнат со малку вода и се додаде таблета, по што се загреваат неколку минути.
3. Чистење на бања
За отстранување на сапуница и каменец, таблетата се раствора во топла вода и се нанесува со мека сунѓерка на плочките и стаклото во туш кабината.
4. Чистење на фуги
Скршена таблета со малку вода создава паста која се нанесува со четка за заби на фугите. По 15–30 минути се испира со вода.
5. Чистење на барабан на машина за перење
Таблета ставена во празна машина за перење на висока температура помага во отстранување маснотии и бактерии од внатрешноста на барабанот.
6. Отстранување на жолти дамки од облека
Во некои случаи, таблетите се користат за бела облека со дамки од пот или пожолтување, но само кај издржливи ткаенини – никогаш за свила, волна или обоени материјали. Поради високата алкалност, таблетите можат да оштетат материјали како алуминиум и нетретирано дрво. Исто така, тие не се секогаш најдобро решение за каменец во споредба со оцет или специјализирани средства. Користете ги внимателно и само за наменети површини.