10 митови за чистење на кои треба престанете да им верувате

Мислите дека домот ви блеска? Овие 10 популарни заблуди за чистењето всушност ви ги празнат џебовите и го прават секој агол уште повалкан.

Со години бев убеден дека чистењето е проста равенка: користи повеќе средство, пери сè почесто и ако нешто изгледа чисто — значи и е чисто. Потоа почнав да забележувам дека нештата не се движат вистински во ред. Алиштата ми беа крути. Огледалата — полни со траги. Постојано ги чистев истите места одново. А шишињата со средства ги трошев со неверојатна брзина. Нешто очигледно не штимаше.

Испадна дека многу нешта правев погрешно — или барем, далеку од оптимално. И тоа не беа ситни пропусти. Некои навики активно го правеа мојот дом повалкан и ми чинеа и време и пари.

За да ги одвојам фактите од фикцијата, разговарав со Ноа Пинсоно, аналитичар во Лабораторијата за нега и чистење на домот при реномираниот институт Good Housekeeping. Тој поминал години тестирајки производи и методи, и ги гледа луѓето секојдневно како паѓаат во едни исти замки. Еве ги работите во кои апелира веднаш да престанете да верувате — и она што навистина функционира.

1. Повеќе средство — поисчистено

Ова е наjголемата и наjскапата грешка. „Прекумерното количество оставa невидлив остаток кој ја заробува нечистотијата, ги матира површините и ве натерува да чистите повторно многу побргу отколку што треба”, вели Пинсоно.

Без разлика дали станува збор за прашок за алишта, средство за миење подови или течност за садови — повеќе не значи подобро. „Вишокот детергент не се исплакнува целосно, па се акумулира слој кој таложи нечистотија и може дури и да ја иритира кожата.” Придржувајте се до препорачаната доза — вашите површини, но и вашиот паричник ќе ви бидат благодарни.

2. Ако изгледа чисто — значи е чисто

Само затоа што нешто нема видливи флеки, не значи дека е навистина хигиенски исправно. „Кујнските работни плочи се совршен пример”, вели Пинсоно. „Луѓето прскаат и веднаш бришат, но ако претходно не ја отстраниле маснотијата и ако дезинфициенсот не отстои доволно долго — всушност многу малку бактерии убивате.”

Клучот е: прво измијте за да ја отстраните видливата нечистотија, потоа исплакнете и дезинфицирајте — и оставете средството да делува според упатството.

3. Дезинфициенсите делуваат веднаш

Ова директно произлегува од претходниот мит. Дезинфициенсите имаат потреба од време за да ja завршат работата. „Им треба чиста површина и контактно време”, објаснува Пинсоно. „Ако избришете премногу брзо, средството функционира само како обична течност за бришење, а не како дезинфициенс.”

Проверете го упатството на производот — обично е потребна влажна површина во траење од 30 секунди до неколку минути пред бришење.

4. Повеќе детергент — почисти алишта

Примамливо е да додадете малку повеќе за „посигурно чисто” перење, но ефектот е токму спротивен. „Всушност, тоа создава наслаги, ги заробува непријатните миризби и со тек на време ги прави ткаенините крути и сивкасти”, предупредува Пинсоно.

Современите детергенти се концентрирани и создадени да работат во мали количини. Вишокот оставa остаток и во алиштата и во машината — а резултатот е сè освен чисто.

5. Природните и домашни средства се секогаш подобри

„Природно” звучи привлечно, но не е секогаш супериорно. „Некои домашни рецепти се добри за лесно освежување, но не се автоматски побезбедни или поефикасни”, напоменува Пинсоно. „Оцетот, на пример, може трајно да ги оштети одредени површини и не дезинфицира онолку колку луѓето мислат.”

Домашните трикови имаат своjа улога, но не се решение за сè. Секогаш проверете дали се соодветни за материјалот на кој го применувате.

6. Облеката мора да се пере по секое носење

Ова троши вода, енергија и пари. „Носете ги фармерките и џемперите по неколку пати пред перење”, советува Пинсоно. „Пречестото перење само ги троши влакната и чини повеќе во детергент, вода и струја.”

Освен ако облеката не е видно извалкана, испотена или со непријатен мирис, повеќето парчиња издржуваат неколку носења. Вашата гардероба едноставно ќе трае подолго.

7. Сунѓерите се легло на бактерии

Сунѓерите имаат лоша репутација, но проблемот не е во нив — туку во тоа колку долго ги користиме. „Сунѓерот не е опасен сам по себе, но користењето на истиот премногу долго — тоа е проблемот”, вели Пинсоно.

Пуштете го во машината за садови или потопете го во дезинфициенс 15 минути, па исплакнете. Менувајте го на секои еден до два тедена и сосема е безбеден за употреба.

8. Хартиените крпи се идеални за стакло

Ако сè уште ги бришете огледалата и прозорците со хартиени крпи, веднаш заминете на микрофибер. „Микрофиберот ја собира и задржува нечистотијата многу поефикасно од хартијата, особено на стакло”, вели Пинсоно.

Микрофибер крпите оставаат помалку траги, се повеќекратни за употреба и собираат честички попрецизно. Само малку навлажнете ги за оптимален резултат.

9. Марката е поважна од техниката

„Техниката прави поголема разлика”, е категоричен Пинсоно. „Правилното дозирање, давањето време на средството да делува и неприбегнувањето кон пристапот прскај-и-бриши носи повеќе резултат отколку менувањето на брендови.”

Не ви треба плакар полн со специjализирани средства за секоja површина одделно. Совладајте ги правилните техники — контактно време, начин на триење, вистинска алатка — и дури и основните производи ќе работат одлично.

10. Местата со честа употреба се чистат „кога ќе се сетиш”

Луѓето некои нешта прекумерно чистат, а за други целосно заборавааат. „Луѓето нередовно ги чистат нештата преку кои се шири нечистотијата — сунѓерите, алатките за чистење, прекинувачите за светло”, забележува Пинсоно.

Квакite на вратите, прекинувачите, далечинските управувачи и самите алатки со кои чистите бараат редовно внимание. Токму тие површини ги шират бактериите и нечистотиjата низ целиот дом — а сепак најчесто се целосно занемарени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс