Југото се враќа на автомобилската сцена: Објавени првите цртежи!

Ако сè оди според планот, новото Југо ќе го видиме на изложбата Expo 2027 во Белград

Кој вели дека Yugo е само дел од историјата? Прототипот на познатиот автомобил се подготвува за 2027 година, а ако сè оди според планот, ќе го видиме на изложбата Expo 2027 во Белград.
Проф. д-р Александар Бјелиќ од компанијата “Globo” и дизајнерот Дарко Марчета го открија во планот да го претстават прототипот на новиот Yugo на јавноста за две години.

“Ова го сфатив како сериозен предизвик и уживам во тоа целосно се дадам. Со цело срце давам сè за да изгледа што подобро и да го возиме навистина утре. На тоа ќе работам следните две години”, истакна Марчета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни