Зошто во фрижидерот има светло, а во замрзнувачот не?

Фото: Freepik

Кога ќе ја отворите вратата во фрижидерот во него автоматски се пали светло, а многумина се прашуваат зошто во фрижидерите има светло, а во замрзнувачите не, особено што и тие станаа дел од фрижидерот и се отвораат на ист начин.

Одговорот на ова прашање го дава професорот по економија, Роберт Х. Френк од Универзитеот Корнел и тој е многу едноставен – парите се во прашање.

„Во замрзнувачот нема светло поради односот на трошокот и добивката. Трошокот за инсталирање на осветлување во замрзнувачот останува фикесен, без оглед на тоа колку често ќе го отворате замрзнувачот. Добивката е тоа што полесно ќе ја најдете храната која ви треба. Но, бидејќи луѓето поретко го отвораат замрзнувачот, трошокот е многу поголем од добивката. Затоа произведувачите гледаат да заштедат, поради што се откажуваат од тоа светло“ објаснува професорот Франк.

Тој додава дека не е исклучено оти оваа пракса ќе се промени во иднина, бидејќи произведувачите испитуваат дали пазарот е подготвен да плати за таков додаток.

„Во принцип, правењето такви додатоци се воведува кога ќе се процени дека пазарот е подготвен да плати. Како што расте платежната моќ, така расте и веројатноста на воведувањето на нови додатоци. Односот на трошокот и добивката така покажува тренд дека потрошувачите со подлабок џеб наскоро ќе побараат светло во замрзнувачот и произведувачите ќе им излезат во пресрет“ вели тој.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни