Зошто сонцето не е доволно? Еве зошто може да ви недостига витамин Д и во пролет

И покрај сончевите денови, многу луѓе сè уште имаат недостаток на витамин Д. Стручњаците објаснуваат како современиот начин на живот, исхраната и навиките влијаат на нивото на „витаминот на сонцето“.


Иако пролетта носи повеќе сончеви денови и поголема активност на отворено, експертите предупредуваат дека многу луѓе и понатаму имаат недостиг на витамин Д, познат и како „витамин на сонцето“.

Експертите истакнуваат дека модерниот начин на живот значително ја намалува природната синтеза на овој важен витамин. Долгото седење во канцеларија, помалото изложување на директна сончева светлина и употребата на заштитни креми се меѓу главните причини поради кои дефицитот може да трае со месеци.

Витаминот Д има клучна улога во зајакнување на имунитетот, здравјето на коските и правилната функција на мускулите. Во последните години се поврзува и со нивото на енергија и расположението, па неговиот недостаток често се манифестира преку замор, намалена концентрација и пад на имунитетот. Лекарите предупредуваат дека симптомите на недостаток често се тешко забележливи и можат да се припишат на стрес или општ замор, поради што се препорачува проверка на нивото на витамин Д, особено по зимскиот период.

Дополнителен предизвик е и исхраната, бидејќи природни извори на витамин Д има во ограничен број намирници како масна риба, јајца и млечни производи. Затоа сè почесто се препорачува суплементација, но исклучиво по консултација со лекар. Експертите нагласуваат дека балансот меѓу изложување на сонце, правилна исхрана и, по потреба, додатоци во исхраната е клучен, бидејќи витаминот Д не е само сезонска потреба, туку важен фактор за целокупното здравје во текот на целата година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс