ЗОО Скопје одбележува 100 години постоење

Зоолошка градина Скопје ги поканува граѓаните во 11:00 часот заедно да го одбележат почетокот на овој значаен јубилеј.

Град Скопје и ЈУ Зоолошка градина Скопје, информираат дека денеска организираат настан со кој започнува одбележување на приказната за 100 години ЗОО Скопје.

Ќе бидат промовирани активностите и проектите по повод големиот јубилеј, а свое обраќање ќе има и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

За најмалите посетители е подготвена едукативна и музичка програма исполнета со забава, учење и дружење.

Зоолошка градина Скопје ги поканува граѓаните на 19-ти април во 11:00 часот заедно да го одбележат почетокот на овој значаен јубилеј.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни