Зидан станува нов селектор на Франција по заминувањето на Дешам

Легендарниот француски играч го презема тимот што трипати по ред стигна до полуфинале на Светско првенство.
Фото: Oleg Dubyna from Poltava, Ukraine, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Зинедин Зидан е официјално претставен како нов селектор на Франција, откако федерацијата (ФФФ) стави крај на 14-годишниот мандат на Дидје Дешам. Претставувањето се случи во вторник, на прес-конференција свикана од претседателот на ФФФ, Филип Дијало. Зидан, 54, за прв пат од заминувањето од Реал Мадрид во 2021 година се враќа да води тим.

„Оваа улога отсекогаш ја сакав, по Реал имаше само една клупа што ја чекав, репрезентацијата на Франција“, изјави Зидан на претставувањето.

Дешам ја водеше репрезентацијата од 2012 година. Под негово раководство, Франција го освои Светското првенство во 2018 година и стигна до финале во 2022, каде што загуби на пенали. На последното Светско првенство оваа година, тимот отпадна во полуфинале од Шпанија, по што Дешам се повлече.

Зидан беше носечки играч на Франција кога во 1998 година го освои Светското првенство, постигнувајќи два гола во финалето против Бразил (3:0). Два години подоцна триумфираше и на Европското првенство. Истата 1998 година тој ја освои и Златната топка. За репрезентацијата настапи 108 пати и постигна 31 гол, вклучително и „паненка“ пенал во финалето на Светското првенство во 2006 година, натпревар во кој подоцна беше исклучен поради удар со глава кон италијанскиот дефанзивец Марко Матераци.

Зидан го наследува Дешам како уште еден поранешен репрезентативец на клупата, по Дешам и Лоран Блан (2010-2012). Првите испити го чекаат уште за нешто два месеца, гостување во Турција на 25 септември, потоа во Белгија три дена подоцна, а на 2 октомври Франција игра против Италија на стадионот „Стад де Франс“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс