Жилиeт Бинош е втора жена во историјата која ќе претседава со жирито на овогодинешниот Кански фестивал

Шеесетгодишната актерка ја наследи режисерката на „Барби“, Грета Гервиг, која претседаваше минатата година

Француската актерка Жилит Бинош ќе ја наследи Грета Гервиг на местото претседател на жирито на 78 издание на Канскиот филмски фестивал.

Ова ќе биде втор пат во историјата на Канскиот фестивал жирито да го предводи жена две години по ред. Филмскиот фестивал во Кан го избра едно од најпознатите лица на француската кинематографија во светот, актерката Жилит Бинош, за претседателка на жирито на 78 фестивал, кој ќе се одржи од 13 до 24 мај.

Шеесетгодишната актерка ја наследи режисерката на „Барби“, Грета Гервиг, која претседаваше минатата година. Таа ја додели Златната палма на американскиот филм на Шон Бејкер, „Анора“.

Ова се случи и во 1960-те, кога иконата на италијанската кинематографија, Софија Лорен, ја презела должноста од Оливије де Хавиленд.

Шест децении подоцна, најголемата светска кинематографска манифестација ја избра Жилит Бинош една од најпризнаените француски ѕвезди, која е високо ценета од јавноста и од критичарите.

Таа е една од ретките која освоила тројна награда: победила во Кан, на Венецијанскиот филмски фестивал, како и на Берлинскиот фестивал. Таа е исто така една од ретките Французинки кои освоија Оскар, 1997. година, за споредна улога во „Англескиот пациент“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни