Кендал Џенер до Кара Делевињ: Не би имала ништо против да бидеме заедно

Во најавата за осмата сезона на шоуто „The Kardashians“, манекенката ги коментираше долгогодишните озборувања за нејзиното познато пријателство.

Кендал Џенер отворено проговори за гласините дека била во љубовна врска со својата долгогодишна пријателка и колешка, манекенката Кара Делевињ. Во видео-најавата за осмата сезона од реалното шоу „The Kardashians“, објавена на 17 септември, Кендал низ смеа ги отфрли овие тврдења, но додаде и коментар со кој веднаш го привлече вниманието на фановите.

Разговорот започнува кога Кејтлин Џенер ја прашува Кендал каква е ситуацијата на љубовен план, нагласувајќи дека речиси никогаш нема новости за нејзиниот приватен живот. На тоа Кендал директно се осврна на чаршиските муабети што со години ја следат во јавноста.

„Постои таа гласина дека Кара и јас сме биле во врска, што не е вистина“, изјави манекенката.

Додека на екранот се редат кадри од нивните заеднички појавувања на модните писти, Кендал низ смеа се сврте кон Делевињ со директна забелешка: „Иначе, не би имала ништо против секс со тебе.“ Делевињ се насмевна на шегата, на што Џенер продолжи: „Никогаш не вели никогаш, нели?“ Нивното пријателство датира од раните 2010-ти, а медиумите и обожавателите тогаш често ги нарекуваа со заедничкиот прекар „CaKe“.

Во најавата за новите епизоди, Кендал не го споменува актерот Џејкоб Елорди, со кого странските таблоиди ја поврзуваат изминатиот период. Сличен пристап држи и нејзината помала сестра Кајли Џенер. Таа врската со глумецот Тимоти Шаламе упорно ја чува подалеку од реалните камери, па неговото име воопшто не се појавува во материјалите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс