Топлотниот бран се враќа: Во Македонија температурите до 38 степени

УХМР најавува претежно сончево и топло време во Македонија. Температурите ќе растат, а во попладневните часови можна е локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.

Според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Македонија денеска ја очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен ветер, повремено засилен, претежно од северен правец.

Во попладневните часови, поради локална нестабилност, на места е можна појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе останат високи, а во следниот период се очекува дополнително затоплување, со максимални температури кои локално ќе достигнуваат околу 38 степени Целзиусови.

Во Скопската Котлина ќе преовладува сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде околу 34 степени, а во наредните денови се очекува нов пораст на температурите.

Поради високите температури, се препорачува избегнување подолг престој на директно сонце во најтоплиот дел од денот, внесување доволно течности и внимателност при активности на отворено. Во следните денови времето ќе остане стабилно и топло, со можни краткотрајни локални промени во попладневните часов

е-Трн да боцка во твојот инбокс