Бројот на загинати во рускиот напад врз хуманитарен пункт во Украина се искачи на 53

Расте бројот на загинати во пунктот за распределб на хуманитарна помош во Запорожје по рускиот напад со ракети во понеделникот.

Бројот на загинати во рускиот воздушен напад врз пункт за распределба на хуманитарна помош во селото Комишуваха, во Запорошката област, се искачи на 53 лица, соопшти вршителот на должноста регионален гувернер Михајло Семикин.

Нападот се случи во понеделникот, а спасувачките екипи петти ден продолжуваат со пребарување на урнатините. Украинската служба за вонредни состојби претходно потврди 50 загинати.


Според Ројтерс, станува збор за еден од најсмртоносните напади врз цивили во Украина оваа година. Бројката од 53 загинати засега е потврдена од украинските регионални власти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс