Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го потресе југозападниот дел на Перу, соопшти Перуанскиот геофизички институт (IGP). Американскиот геолошки завод (USGS) измерил посилна јачина од 5,5 степени. Според податоците на IGP, земјотресот се случил во 21:24 часот по локално време, на длабочина од околу 24 километри, јужно од градот Чупака во истоимената провинција.
Во погоденото подрачје, според првичните медиумски информации, се урнале неколку згради. Едно лице загинало, а неколку други биле повредени. Перу е една од земјите со чести земјотреси поради судирот на повеќе тектонски плочи. Земјата се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, едно од најактивните сеизмички подрачја во светот, заедно со Чиле и Еквадор.