Земјотрес од 3,7 степени регистриран во Егејското Море

Епицентарот на земјотресот бил источно од Измир, а според првичните информации нема податоци за штети или повредени.

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 13 јуни, во 11:22 часот во Егејското Море, во близина на Измир.

Според првичните информации, епицентарот бил источно од турскиот град Измир, а потресот се случил на длабочина од околу 7,5 километри.

Податоците се објавени од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за евентуални штети или повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс