Кои се земјите со најниски и највисоки нивоа на холестерол во светот?

Глобалните податоци покажуваат дека холестеролот не зависи само од генетиката, туку и од исхраната, начинот на живот и здравствените навики.

Обемна анализа на околу 460 милиони липидни тестови спроведени во 17 земји на пет континенти дава јасен увид во тоа како исхраната, животниот стил и генетиката влијаат на нивото на холестерол кај населението. Според студијата објавена во списанието European Heart Journal во 2023 година, постојат значајни разлики меѓу државите кога станува збор за LDL холестеролот, познат како „лош холестерол“.

Каде е најниското ниво на холестерол?

Најниски просечни нивоа на LDL холестерол се забележани во Јужна Кореја, Турција и САД. стражувачите објаснуваат дека во Јужна Кореја исхраната богата со ферментирана храна и мешунки, како и пониската консумација на заситени масти, придонесува за подобар липиден профил. Од друга страна, највисоки нивоа се забележани во Австрија и Германија. Нешто пониско рангирани, но сепак со високи вредности, се Јапонија, Австралија и Швајцарија. Во овие земји, поголемата консумација на животински масти и млечни производи се смета за еден од факторите што влијаат на повисоките нивоа.

Освен исхраната, значајна улога има и генетиката. На пример, во Австрија околу 1 од 300 лица има наследна состојба позната како фамилијарна хиперхолестеролемија, која значително го зголемува LDL холестеролот.

Истражувања кои ги следат податоците од 1980 до 2018 година покажуваат намалување на холестеролот во многу развиени западни земји и пораст во дел од земјите со среден и низок приход, особено во Азија. Кина има најголем раст на холестерол во последните децении. Дополнително, во речиси сите земји, мажите имаат повисоки нивоа на холестерол од жените.

Глобалните податоци покажуваат дека холестеролот не зависи само од генетиката, туку и од исхраната, начинот на живот и здравствените навики. Разликите меѓу земјите ја нагласуваат важноста на превенцијата и здравите навики во исхраната како клучен фактор за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс