Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации упатуваат на тоа дека Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина.
„Постојат ажурирани разузнавачки информации кои покажуваат дека Русија подготвува масовен напад“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање.
„Подготвени сме да одговориме, но до одредена мера“
Тој нагласи дека украинските служби и воздухопловните сили се подготвени да одговорат во онаа мера во која тоа го дозволуваат расположливите средства за одбрана.
Зеленски рече дека позицијата на Украина во голема мера ќе зависи од тоа што нејзините сојузници ќе можат да ѝ обезбедат од вооружувањето потребно за одбрана од новиот руски напад.
„Многу работи зависат од нашите партнери, од секој лидер и секоја земја во светот што располага со одбранбените капацитети кои ни се потребни и може да ни ги обезбеди“, рече Зеленски.
Тој додаде дека притоа клучна е политичката волја, особено во Соединетите Американски Држави, Европа и меѓу останатите партнери.