Зеленски потврди дека Украина го потопила рускиот воен брод „Меркуриј“ во Либија

Руската корвета беше погодена во неделата во поморската база во Бенгази. Украинскиот претседател соопшти дека во нападите бил потопен и рускиот товарен брод „Ангара“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина стои зад нападот врз руската корвета „Меркуриј“ во либискиот град Бенгази. Во објава на Икс тој сподели видео од моментот кога бродот бил погоден и го опиша нападот како одговор на руската војна против Украина, пренесе „Гардијан“.

На сателитските снимки што ги објави „Гардијан“, корветата прво се гледа закотвена во базата, а по експлозијата е превртена покрај пристаништето. „Меркуриј“ бил ставен во служба во 2023 година, според Зеленски.


Зеленски наведе дека бил потопен и рускиот товарен брод „Ангара“, кој, според него, служел за превоз на оружје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс