Како изгледаше четиринаесеттиот RoboMac 2026 одблизу?

Заврши четиринаесеттото издание на RoboMac 2026, на кое студентски тимови се натпреваруваа во шест категории од роботика, вештачка интелигенција и автоматизација.

Со финалниот натпревар во шест различни категории, што се одржа во саботата на 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, заврши 14. издание на RoboMac 2026.

На годинешниот натпревар учествуваа студенти од ФЕИТ, Машинскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, распределени во 29 тимови. Тие се натпреваруваа во категории што опфатија автономни возила, вештачка интелигенција, роботски раце, следење патека, гласовни команди на македонски јазик и сумо роботи.

Редакцијата на Трн одблизу ги следеше натпреварите на RoboMac 2026, каде студентските тимови ги претставија своите решенија во роботика, програмирање и вештачка интелигенција.

Во категоријата Self-Racing Cars победија Верица Поцева, Велин Ѓоргиев и Климент Јанкулоски, додека во AI Football најдобри беа Стојанчо Манчев, Нино Наумоски и Стојан Јованов. Во Robotic Arm Challenge победија Антониј Стојменов, Жанина Хаџи-Василева и Стефан Темелкоски.

Во категоријата Trig, Track, Trace победници се Максим Радевски и Огнен Галески, а во VoiceBot Challenge, каде учесниците развиваа систем за гласовна команда на мобилен робот на македонски јазик, победија Емануел Аврамоски, Александар Ѓоргиев и Агнеса Османи.

Во Sumobot Challenge, во кој тимовите дизајнираа и програмираа автономни сумо роботи, победници беа Софија Јовановска, Адам Хрјесиќ и Филип Милевски.

RoboMac и годинава ги собра студентите околу практични инженерски предизвици и им овозможи да ги покажат своите знаења во роботика, програмирање, вештачка интелигенција и автоматизација преку натпреварувачки формат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни