Комисијата за дискриминација со јасна порака за заштита на бремените жени: Работодавачите мора да запрат

По утврдени случаи на директна интерсекциска дискриминација, Комисијата бара доследна примена на законите и подобра заштита на бремените жени и мајките на работното место.
Screenshot

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе Општа препорака со која бара од работодавачите во јавниот и приватниот сектор доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство.

Од комисијата велат дека нваа препорака произлезе од фактот што, КСЗД, во повеќе предмети утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на  пол и род во врска со бременост, раѓање и мајчинство во областа на работата и работните односи.

Со препораката, работодавачите се повикуваат да се воздржат од практики кои доведуваат до нееднаков или понеповолен третман на работничките во остварувањето на нивните права од работен однос. Комисијата има законска надлежност да го следи спроведувањето на препораките кои ги упатува по сопствена иницијатива.

Покрај работодавачите, Комисијата со препораката се обрати и до Собранието на Република Северна Македонија, барајќи разгледување на можноста за унапредување на законската рамка во областа на работните односи, со цел поцврста правна заштита на бремените жени и мајките на работното место.

Целата препорака можете да ја видите на следниот линк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни