Украинците нападнаа руска фабрика на 2.500 км од границата, избувна огромен пожар

Ден претходно, на 23 октомври, беше нападната главната производствена зграда на фабриката „Протон-Електротекс“ во Орел

Укрианците со дронови ја нападнаа хемиската фабрика „Омски Каучук“ во рускиот град Омск во саботата и предизвикаа пожар. Фабриката се наоѓа на приближно 2.500 километри од украинската граница, пишува „Украинска правда“ .

Детали за нападот

Украинската OSINT заедница Exilenova+ објави видео од нападот, а инцидентот го потврди и гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко. Според информациите од аналитичарите, ударот предизвикал голем пожар во индустриската зона на фабриката.

Првите податоци укажуваат на погодоци во близина на два производствени погони. „Првичните извештаи засновани на геолокација укажуваат на погодоци во близина на единиците D-3, каде што се произведува метил терт-бутил етер, и единицата D-5“, се вели во неговото соопштение.

Поврзани инциденти

„Украинска правда“ претходно објави дека фабриката Тољатикаучук во градот Тољати, Самарска област, исто така била погодена во сабота наутро. По нападот таму биле пријавени и експлозија и пожар.


Ден претходно, на 23 октомври, беше нападната главната производствена зграда на фабриката „Протон-Електротекс“ во Орел. Станува збор за објект со целосен циклус кој произведува оптоелектронска опрема и уреди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс