Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вчера го објави неделниот извештај кој покажува дека во Европа до средата има регистрирано вкупно 241 случај на инфекција на вирусот Западен Нил.
Најмногу случаи, 139, се регистрирани во Италија, па следи Грција со и 61 случај.
Други инфекции се регистрирани во Шпанија, 17 од нив, додека 13 случаи се регистрирани во Северна Македонија. Романија имаше шест случаи, Франција четири, додека Германија регистрираше еден случај.
Во потешки случаи, болеста може да влијае на нервниот систем и да доведе до состојби како што се енцефалитис и менингитис. Не постои вакцина или лек за вирусот. Лекарите можат само да ги третираат симптомите.
СЗО им советува на патниците да го намалат ризикот од каснувања од комарци со носење соодветна облека и користење репеленти против комарци.