Денес повторно неколку средни училишта во Загреб беа цел на дојави за наводно поставени бомби, по што учениците и вработените беа евакуирани, а наставата не започна. Новите закани доаѓаат само ден откако сличен бран лажни дојави погоди и други училиштата во регионот, што дополнително го засилува впечатокот дека Балканот и натаму е мета на координирани хибридни провокации.
Полициски екипи излегле на терен и започнале детални проверки на училишните објекти, кои од безбедносни причини биле целосно испразнети. Од полицијата најавуваат дека повеќе информации ќе има по завршувањето на увидите и проверките на специјализираните единици.
Вчера беа нотирани слични дојави во Сплитско-далматинската жупанија, каде десетици училишта добија заканувачки пораки. Според досегашните проверки во регионот, ваквите пријави најчесто се покажуваат како лажни, но повторувањето на истото сценарио во повеќе балкански градови отвора сериозни прашања за поширока, координирана дестабилизација.