Регионот утрово повторно е цел на масовни дојави за наводно поставени бомби.
Ако викендов цел на лажните дојави беа трговски центри во Сараево, Скопје, Загреб и Подгорица, утрово се регистрирани дојави за бомби во училишта.
Утрово, училиштата во Сплитско-далматинската жупанија во Хрватска добија пријави за поставување бомби, поради што, како што неофицијално дознава N1, учениците беа евакуирани.
Истиот медиум пишува и за дојави за поставени бомби во училишта во Херцеговачко – Неретванскиот кантотн во Босна и Херцеговина.
Утрово, во тој кантон дојави за бомби имало за училиште во Мостар, Неум, Чапљина и други населени места.
Во Црна Гора пак, тамошните медиуми јавуваат дека две средни училишта во општина Бар биле евакуирани поради закани од поставени бомби.