Роботакси возат низ Загреб: Во кои делови од градот се достапни

Загреб доби роботакси услуга со автономни возила на Verne. Возилата сообраќаат низ центарот, Нов Загреб и аеродромот, а интересот е огромен.

Загреб стана првиот град во регионот со активна услуга на роботакси, преку проектот на хрватската компанија Verne.

Компанијата веќе еден месец тестира автономни возила низ градските улици, а услугата предизвикува голем интерес кај граѓаните и туристите.

Во соработка со Uber и кинеската компанија Pony.ai, во Загреб моментално сообраќаат десет автоматизирани возила. Иако системот е замислен како целосно автономен, во оваа фаза во возилата има оператор, кој интервенира само доколку е потребно.

Од компанијата велат дека најголем дел од возењата поминуваат без проблеми. Досега не се регистрирани сообраќајни незгоди, а корисниците главно ја оценуваат услугата со високи оценки. Според Verne, роботаксито реагирало само во ситуации кога други возачи направиле грешка во сообраќајот.

Во моментов, возилата се движат низ центарот на Загреб, делови од Нов Загреб и околината на аеродромот. Проширувањето на услугата ќе оди постепено, по дополнителни тестирања и проверки во реални услови.

Цената на возењето моментално изнесува 1,99 евра, што е воведна цена за привлекување нови корисници и собирање повратни информации. Интересот е голем, а на листата за чекање веќе има околу 4.000 луѓе. Од компанијата најавуваат дека цените најверојатно ќе растат во иднина.

Автономните возила се опремени со камери, радари и ласерски системи, кои им овозможуваат безбедно движење низ градските улици. Verne веќе води разговори за проширување на услугата во други европски градови, како и на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни