За неколку часа во Битола казнети 25 возачи на електрични тротинети

Вчера во период од неколку часа на подрачјето на Битола казнаети се 25 возачи на електричен тротинет, информира МВР

Вчера, во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола е спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мопеди и електрични тротинети, информираат од МВР.

„За време на контролата преземени се 52 мерки против возачи на мопеди и мотоцикли, од кои 33 за некористење на заштитен шлем – кацига, четири за возење под дејство на алкохол, пет за необновена полиса за осигурување, еден за измината важност на сообраќајната дозвола и девет останати прекршоци.

Исто така, за време на акциската контрола преземени се 25 мерки против лица кои управувале електрични тротинети. Од нив 17 за некористење кацига и рефлектирачки елек навечер, две за управвуање по несоодветна површина, една против лице кое не наполнило 18 години и пет останати прекршоци. 

При контролата откриени се и осум кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик и одземени се осум моторни возила. 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ стои во соопштението на МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс