YOVA ја претстави колекцијата „Блосом“ за пролет/лето 2026

Новата колекција на YOVA носи пет рачно изработени модели, премиум материјали и инспирација од цутењето како симбол на лична трансформација.

YOVA официјално ја претстави својата нова колекција за сезоната пролет/лето 2026, насловена „Блосом“, со која го продолжува својот препознатлив пристап кон рачна изработка, премиум материјали и оригинален дизајн. Моделите од новата колекција веќе се достапни за купување преку официјалната веб-страница на брендот.

Колекцијата „Блосом“ е инспирирана од моментот на цутење, како симбол на нов почеток, емоција и лична трансформација. Од YOVA велат дека колекцијата ја следи жената низ нејзините сопствени циклуси, од нежност и радост, до самодоверба, движење, внатрешна вредност и смиреност.

Според концептот на брендот, цутењето не е еден момент, туку процес. Секој модел од колекцијата претставува различна состојба, различен израз и различна енергија, оставајќи простор жената да го избере она што најмногу ја отсликува во одреден момент.

Колекцијата „Блосом“ се состои од пет модели: Ринг, Фиори, Бисера, Луна и Реса. Секој од нив има свој визуелен идентитет и карактер, од архитектонски и скулптурални форми, до органски линии, декоративни детали и модели што внесуваат движење и флуидност.

Особено се издвојува моделот Бисера, кој е збогатен со 29 автентични рачно изработени охридски бисери од семејството Талеви. Сите модели се рачно изработени од FSC-сертифицирана вискозна рафија Pontova®, набавена од Италија, додека внатрешноста на чантите е обложена со веганска кожа Vegea.

Со новата колекција, YOVA го редефинира начинот на кој традиционалните техники се користат во модата. Хеклањето, како вештина со длабоки корени во локалната култура, овде добива нова улога како основа за изработка на професионални луксузни ташни.

Од брендот посочуваат дека преку развој на нови техники, јасни производствени стандарди и соработка со занаетчии со искуство во изработка за врвни светски модни куќи, секој производ достигнува ниво на квалитет што одговара на глобалните стандарди. Дополнителна вредност носат и соработката со италијански партнери за дигитален пасош на производите, како и соработката со семејството Талеви.

Ташните од колекцијата „Блосом“ не се замислени само како визуелно впечатливи парчиња, туку и како функционални модни додатоци. Секој модел е дизајниран да може да се носи на повеќе начини, како рачна чанта, преку рамо или во трансформиран облик.

Колекцијата е придружена и со кампањата „СВОЈА“, која ја прикажува жената низ различни фази, емоции и состојби. Пораката на кампањата е дека секоја ташна не е само форма, туку и одраз на одредена енергија и момент, а жената, и кога се менува, останува доследна на себе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни