Young Dadi во РеТрн: „Лидија“ , Gen Z vibe и музика

Неговите песни се слушаат насекаде, особено кај Gen Z публиката, затоа што се природни, имаат лични приказни, реални чувства и звук што лесно влегува во глава.

Young Dadi е артист од Скопје, растен во Дебар Маало, кој одамна не игра по жанровски правила. Неговите песни се слушаат насекаде, особено кај Gen Z публиката, затоа што се природни, имаат лични приказни, реални чувства и звук што лесно влегува во глава.

Во новата епизода на РеТрн, муабетот оди од музика до живот, заразни песни и негативни коментари, но и дали новата генерација артисти има поголема шанса за светска кариера од кога било порано.

Нашиот Дениз реши да не губи време – директно си нарача песна од Young Dadi. Му ги одреди ликовите, приказната, атмосферата… па дури и рокот: три дена. No pressure.

Секако, зборуваме и за неговиот најнов сингл „Лидија“ – песна што е истовремено заразна, вирална и со сериозни шанси да стане летен soundtrack. Дали очекувал таков boom? Кој ја напишал? Колку време Young Dadi е на сцената? Како се справува со хејт на социјалните мрежи? И што треба Gen Z да донесе ново?

Ова е епизода за артист кој не сака да биде ставен во кутија, за музика што не се објаснува премногу – само се пушта гласно.

Young Dadi во РеТрн — маалски звук, нова генерација и „Лидија“ на repeat.

https://youtu.be/Clumq_eM4c4

е-Трн да боцка во твојот инбокс