Yahoo го купува Google Chrom?

Yahoo беше водечки играч на пазарот на онлајн пребарување на почетокот на 21 век, но подоцна ја изгуби својата позиција поради успехот на Гугл.

Интернет-компанијата Yahoo е заинтересирана да го купи пребарувачот Хром од Гугл, доколку американски сојузен судија одлучи дека Гугл мора да го продаде за да избегне обвиненија за монопол, изјави генералниот директор на Yahoo Search, Брајан Провост, на судско рочиште.

Според него, Yahoo проценува дека Хром би се продавал по цена од неколку десетици милијарди долари, пренесува Блумберг.

Yahoo беше водечки играч на пазарот на онлајн пребарување на почетокот на 21 век, но подоцна ја изгуби својата позиција поради успехот на Гугл.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни