Јубилејно издание на “When in Krusevo”: три дена музика, авантура и природа

Јубилејното десетто издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 јули, со концерти, авантури, кампинг, еко содржини и хуманитарна мисија.

Крушево ова лето повторно ќе биде место за музика, авантура, дружење и незаборавни моменти во природа. Од 3 до 5 јули ќе се одржи јубилејното десетто издание на фестивалот When in Krusevo 2026.

Фестивалот и годинава носи богата програма со концерти на отворено, спортски и адреналински активности, кампинг, семејна програма, еко едукација и содржини за сите генерации.

Во фокусот на When in Krusevo остануваат хуманитарниот и еко карактер, како и инклузивноста и поддршката на маргинализираните групи. Организаторите најавуваат три дена исполнети со позитивна енергија, љубов и нови доживувања во магичното Крушево.

Музичката програма ќе донесе концерти на отворено, а на сцената ќе настапат АРЕА, SEMPRE, THE AFT3R, Дарко Гроздановски и други изведувачи.

Покрај музиката, посетителите ќе можат да уживаат во планински, велосипедски и адреналински тури, параглајдинг, кајак, SUP, јавање коњи, biathlon 4all, како и во кампинг, јога и chillout зона покрај Крушевското Езеро.

Програмата вклучува и детски игри, семејни активности, музејски тури, саем на храна и пијалоци, еко едукација и изненадувања за посетителите.

Со секоја купена карта посетителите добиваат фестивалска маичка специјално дизајнирана за ова издание на When in Krusevo, попусти за нови доживувања, а истовремено донираат 100 денари за социјално ранливи категории во Крушево.

Организаторите потсетуваат дека за учество е задолжително пријавување преку Google формата, а билетите се достапни преку mktickets.mk.

When in Krusevo и ова лето го претвора Крушево во отворена сцена за музика, природа, спорт и заедништво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс