Силен земјотрес со магнитуда од 7 степени го погоди Пацификот кај Јапонија: Нема опасност од цунами

Потресот бил регистриран во близина на оддалечените јапонски острови Огасавара, на околу 1.000 километри јужно од Токио. Тлото се тресело и во поширок дел од источна и североисточна Јапонија.

Земјотрес со магнитуда од 7 степени го погоди Тихиот Океан, во близина на оддалечените јапонски острови Огасавара, на околу 1.000 километри јужно од Токио. Јапонската метеоролошка служба соопшти дека нема опасност од цунами.

Потресот бил регистриран на длабочина од 470 километри, пренесе британскиот весник „Индипендент“. На јапонската сеизмичка скала земјотресот бил оценет со степен 3. Скалата се движи од 0 до 7 степени.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно објавил дека островите биле погодени од земјотрес со магнитуда од 6,3 степени.И покрај големата оддалеченост, тресењето на тлото било почувствувано во поширока област на источна и североисточна Јапонија, објави новинската агенција Кјодо.


Јапонија се наоѓа во сеизмички активна област каде што се среќаваат четири тектонски плочи. Околу 10 отсто од земјотресите во светот со магнитуда од 6 степени или повеќе ја погодуваат Јапонија или нејзината околина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс