Минатиот месец стапија на сила правилата на ЕУ за еко-дизајн со што се поставуваат нови стандарди за зелени производи во ЕУ и се поттикнува кружната економија, енергетската ефикасност и севкупната одржливост.

Што значат овие стандарди во секојдневието?
♻️ поголема трајност на производите со цел да се намали отпадот
♻️ подобрена енергетска и ресурсна ефикасност
♻️ намалено присуство на штетни супстанци кои оневозможуваат производот да се рециклира
♻️ минимизирано влијание врз животната средина и воведување на дигитални пасоши за производите.
Одржливоста обезбедува здрава иднина за нас и за идните генерации.