Додека граѓаните низ светот се соочуваат со поскапувања, скапо гориво и економска неизвесност поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, големите корпорации од енергетскиот, финансискиот и воениот сектор остваруваат рекордни приходи.
Најголемиот економски удар од војната досега дојде преку енергетските пазари. Блокадата и тензиите околу Ормускиот теснец преку кој поминува околу 20 проценти од светската нафта и гас предизвикаа силен раст на цените на енергенсите и дополнителен притисок врз глобалната економија.
Нафтените компании профитираат од кризата
Европските и американските енергетски компании се меѓу најголемите добитници од актуелната криза. Британскиот BP го удвои профитот во првиот квартал од 2026 година и заработи 3,2 милијарди долари, благодарение на нестабилноста на пазарот и тргувањето со енергенси. „Шел“ оствари профит од 6,92 милијарди долари, додека францускиот TotalEnergies пријави раст на заработката од речиси 30 проценти, достигнувајќи 5,4 милијарди долари.
И американските гиганти ExxonMobil и Chevron ги надминаа очекувањата на аналитичарите, иако снабдувањето од Блискиот Исток е отежнато.
Волстрит заработува од стравот на инвеститорите
Паралелно со растот на цените на нафтата, големите банки на Волстрит бележат огромен раст на приходите. JP Morgan пријави рекордни 11,6 милијарди долари приходи во првите три месеци од годинава, додека шесте најголеми американски банки заедно заработиле речиси 48 милијарди долари.
Експертите велат дека нестабилноста на пазарите и стравот од ескалација на конфликтот довеле до огромен обем на тргување, што директно им носи профит на инвестициските банки.
Конфликтот повторно ја зголеми побарувачката за оружје, противракетни системи и воена опрема. Компаниите BAE Systems, Lockheed Martin, Boeing и Northrop Grumman веќе објавија рекордни нарачки и очекуваат дополнителен раст поради зголемените трошоци за одбрана во Европа и САД.
Расте интересот и за обновлива енергија
Кризата влијае и врз секторот за обновлива енергија. Поради високите цени на горивата, расте побарувачката за соларни панели, топлински пумпи и електрични автомобили. Компаниите NextEra Energy, Vestas и Ørsted веќе пријавија значителен раст на профитот, додека во Велика Британија продажбата на соларни панели пораснала за 50 проценти од почетокот на конфликтот. Економските аналитичари предупредуваат дека додека трае војната, нестабилноста на енергетските и финансиските пазари ќе продолжи, а цената повторно ќе ја плаќаат граѓаните и компаниите ширум