Војната со Иран ја чини Америка сè поскапо: 37,5 милијарди долари, 430 ранети војници и нови закани од Трамп

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет откри дека војната со Иран досега ги чинела САД 37,5 милијарди долари. Загинале 17, а ранети се околу 430 американски војници.

Војната меѓу САД и Иран досега ја чинела американската држава околу 37,5 милијарди долари, соопшти американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на сослушување пред Конгресот. Станува збор за зголемување од речиси осум милијарди долари во однос на претходната јавна проценка. Хегсет појасни дека сумата ги вклучува и очекуваните воени трошоци до 30 септември, а ова беше негово прво појавување пред пратениците откако американската војска ги интензивираше операциите против Иран на почетокот на месецот.

Конфликтот, кој започна кон крајот на февруари, досега однесе 17 американски војници, од кои двајца загинаа при иранскиот напад врз американска база во Јордан. Според последните информации, околу 430 американски војници се ранети во текот на војната. Пентагон во понеделникот соопшти дека само од 7 јули се повредени околу 100 припадници на американската армија, но дури 96 проценти од нив веќе се вратиле на должност.

Во меѓувреме, претседателот Доналд Трамп продолжува со остри закани кон Техеран. Во изминатите денови најави дека американските напади би можеле да се прошират и врз иранската енергетска инфраструктура, мостови, како и врз нафтениот терминал на островот Харг. Тој повторно најави и можен напад врз длабоко подземниот нуклеарен објект познат како „Планината Пајкс“.

„Тоа место ќе биде уништено многу наскоро“, изјави Трамп.

Војната, која продолжува и покрај претходните обиди за примирје, станува и значајна политичка тема во САД. Со приближувањето на изборите за Конгресот, демократите сè почесто ја користат високата цена на конфликтот како аргумент против администрацијата на Трамп, поврзувајќи ги растечките воени

е-Трн да боцка во твојот инбокс