Водата во Крушево повторно е безбедна за пиење.
Пред малку, Агенцијата за храна и ветеринарство ја повлече забраната која беше на сила неколку денови.
Центарот за јавно здравје ги објави резултатите од третиот, последен последователен примерок за испитување со што е потврдена исправноста на водата во Крушево која сега ги исполнува условите од Правилникот за безбедна вода за пиење.
Во водата има законски пропишано резидуален хлор, соопштуваат институциите.
Претходно, на 23 јули водата од водоводот во Крушево беше забранета поради бактериолошка неисправност.