Водата од шест селски водоводи во Кичево не е за пиење

Од Општина Кичево апелираат граѓаните строго да ја почитуваат забраната, која стапува во сила веднаш и ќе важи сè до добивање на ново известување

Воведена е привремена забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти, информира Општина Кичево, по добиено решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Одлуката е донесена врз основа на лабораториски физичко-хемиски и микробиолошки анализи на примероци од вода, извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, согласно Законот за безбедност на храната.

До ново известување не смее да се користи вода за пиење од следните водоснабдителни објекти:

селскиот водовод во Гарани (чешма кај џамијата),
патната чешма во Другово (кај разделната градба),
јавната чешма „Бела Кула“ во Кичево,
селскиот водовод во Стрелци (кај училиштето „Милто Гура“),
селскиот водовод во Шутово (пункт „Милто Гура“),
селскиот водовод во Премка (во центарот на селото).

Од Општината апелираат граѓаните строго да ја почитуваат забраната, која стапува во сила веднаш и ќе важи сè до добивање на ново известување, со цел заштита на јавното здравје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс