Зимата и ниските температури пристигнаа во речиси сите делови од нашата земјал. Наутро голем број на граѓани се будат со температури под нулата.
Познато е дека некои работи и производи не ја издржуваат добро зимата и можат да се оштетат, како и да предизвикаат оштетување на работите околу нив. Затоа, автомобилските експерти од CarMoney открија работи кои никогаш не треба да ги оставате во автомобилот во зима, пренесуваат хрватските медиуми.
Лекови
Многу луѓе ги оставаат дневните лекови во својот автомобил како потсетник да ги земат на нивното секојдневно патување, но оставањето лекови во автомобилот преку ноќ во текот на зимата може да ја намали нивната ефикасност.
Тврдите таблети и капсули ќе бидат помалку оштетени, но течностите и лековите за инјектирање може да доживеат промени со ниски температури. Секогаш чувајте ги вашите лекови на собна температура за да ја одржите нивната ефикасност.
Наочари
Ако ги оставите наочарите за читање или пак, за сонце во автомобилот во зимските месеци, може тие наскоро многу лесно да се кршат.
Екстремно ниските температури може да ги оштетат леќите со тоа што ќе предизвикаат нивно проширување и собирање, што ги прави рамките подложни на пукање. Ако веќе ги чувате очилата во автомобилот, ставете ги во футрола.
Музички инструменти
Секогаш носете го вашиот музички инструмент внатре во просторија за да избегнете случајно оштетување од студот.
Виолините, гитарите, виолончелата и другите дрвени инструменти се подложни на собирање и проширување на ниски температури. Тоа ќе ги оштети или, пак ќе ги скрши зглобовите, што ќе ги направи неупотребливи за свирење.
Батерии
Ако сте во искушение да оставите батерии во вашиот автомобил „само во случај да ви затребаат“, размислете двапати.
Ќе откриете дека вашите батерии ќе се потрошат побрзо поради ниските температури кои влијаат на електрохемиските реакции во самите батерии, а алкалните батерии може дури и да пукнат и да истечат.
Лаптопи и телефони
Лаптопите и другите електронски уреди ќе поминат исто толку лошо како што нивните внатрешни литиум-јонски батерии ќе бидат оштетени од студеното време.
Во автомобилотот од безбедносни причини, не треба да преноќува, ниту друга скапа електроника.
Флаширана вода
Течноста во шишињата може да замрзне и да пукне, предизвикувајќи голема штета. Не е паметно да се пие вода од отворено шише (незапечатено) што е оставено во автомобилот во текот на зимата.
Иако не е особено штетно, не знаете колку микробактериски честички има во водата која била изложена на различни температури.
Спрејови
Можеби е примамливо да се чува дезодоранс во преградата за ракавици, но аеросолите можат да станат опасни доколку се изложени на екстремен студ.
Ниската температура под притисок може да предизвика дестабилизација на пакувањето, бидејќи може да доведе до пукање или дури и експлозија. Истото важи и за лак за коса, боја за прскање или WD-40.
Конзервирана храна
Ниските температури може да бидат штетни за одржување на свежа храна. Замрзнувањето може да предизвика ширење на конзервираната храна, што доведува до пукање на конзервата.
Ако капакот не е оштетен, конзервата со храна може да се одмрзне, но ако таа изгледа или мириса лошо, не ја јадете.
Газирани пијалоци
Вашата омилена лименка сок никогаш не треба да ја оставате во автомобил преку ноќ на температури под нулата бидејќи може да создаде вистински хаос кога конзервата ќе експлодира.
Замрзнатата сода ќе се прошири додека се замрзнува и ќе изврши притисок врз CO2 внатре, што ќе предизвика експлозија на конзервата.
Бои и лакови
Ако планирате преуредување, не заборавајте да ги отстраните кутиите со боја од вашиот автомобил. Студот може да влијае на состојките во бојата, а замрзнувањето, ширењето, одвојувањето и згрутчувањето може да ја направат целосно неупотреблива.