Во среда „Маалско матине“ со винарија „Душа“ во Porto Буњаковец

За музичкиот дел ќе бидат задолжени Ѓорѓи Шарески на гитара, Оливер Јосифовски на бас и Александар Петров на тапани, а настанот се организира со поддршка на винаријата „Душа“,

Есенско попладне со музика во живо, дегустација на вина и дружење најавува Porto во скопско Буњаковец. „Маалско матине“ ќе се одржи в среда, на 21 октомври, со почеток во 15 часот.

За музичкиот дел ќе бидат задолжени Ѓорѓи Шарески на гитара, Оливер Јосифовски на бас и Александар Петров на тапани. Настанот се организира со поддршка на винаријата „Душа“, чии вина ќе бидат дел од есенската дружба.

„Комшии, есента е поубава со полно друштво на маса. Затоа, во среда ве чекаме на чаша вино од Душа, музика во живо и едно долго маалско попладне“, порачуваат организаторите.

Оттаму додаваат дека поканата е упатена до сите што сакаат да го соберат друштвото и да одвојат време за добра музика и разговор во опуштена атмосфера со чаша квалитетно вино.


„Ќе дегустираме вино, ќе слушаме добра музика и ќе си оставиме време за маалски муабет. Соберете го друштвото – се гледаме во Porto“, се наведува во најавата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс