Во слава на големиот Зафир Хаџиманов концерт во Македонска Филхармонија

Авалон го најавува последниот настан од проектот „Месец на 30 години Авалон продукција“- концерт во чест на големиот Зафир Хаџиманов.

Република Македонија нема многу легенди како Зафир Хаџиманов, признати регионално и пошироко, велат од Авалон.

Зафир не’ напушти некако тивко, во едно лошо време, во време на короната и до ден денес тоа воопшто и на ниту еден начин не се одбележа во неговата матична земја, Македонија.

Токму тоа не’ натера, во склоп на програмата ,,30 години Авалон Продукција” да му го предложиме овој проект на неговиот син, успешниот и квалитетен музичар Васил Хаџиманов, кој тој со задоволство го прифати, а ние со уште поголемо задоволство вечерва ви го најавуваме.

Па така, на 17ти декември во Македонска филхармомија ќе се слави животот и делото на Зафир Хаџиманов со многубројни гости музичари и уметници за кои сме сигурни дека ќе ни овозможат да уживаме во дел од неговиот творечки опус.

На 17ти декември со нас ќе бидат:

Васил Хаџиманов бенд,

Бисера Велетанлиќ,

Калиопи,

Коле Ангеловски,

Никола Ристановски,

Сашо Гигов – Гиш,

Марта Хаџиманов и

Виктор Тумбас.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (24ти ноември) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени:

1.500 денари и

2.000 денари – ВИП. Важно: овој концерт е единствен и нема да има реприза

Најново

Последни колумни