Машина за перење и сушење во едно или два уреди?

Кошницата е полна, машината завршила, а сушалката повторно ја зафаќа половина соба.

Со доаѓањето на студените денови, прашањето каде да се исушат алиштата станува поважно од изборот на програмата за перење.

Дали ви треба посебна машина за сушење или комбиниран уред? Одговорот зависи од просторот, количината алишта и од тоа колку често перете.

Ако имате место за сушење и тоа не ви претставува проблем, машината за перење може да биде доволна. При изборот, погледнете ги димензиите и капацитетот, но и програмите што навистина ќе ги користите. За домаќинства во кои често се перат постелнина и крпи, поголемиот барабан може да биде практичен. За помали количества, поважно е уредот да одговара на секојдневните навики.

Посебна машина за сушење има смисла ако веќе сте задоволни од машината за перење, но немате каде да ги сушите алиштата. Пред купување проверете дали имате соодветен простор за поставување и дали капацитетот за сушење одговара на количината што вообичаено ја перете.

Комбинираната машина ги обединува двете функции и може да биде практична во мал стан или тесна бања. Но тука има еден важен детал: капацитетот за перење и капацитетот за сушење не мора да бидат исти.

Тоа значи дека полн барабан со испрани алишта можеби нема да може да се исуши одеднаш. Ако сакате перењето и сушењето да продолжат без да вадите дел од облеката, проверете колкаво количество дозволува уредот за целиот циклус.

Пред конечниот избор, измерете го местото каде што ќе стои машината и споредете ги податоците за потрошувачката, времетраењето на програмите и капацитетот. Најкорисен е уредот што го решава вашиот секојдневен проблем – без да создаде нов со просторот или со премал барабан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс