Во Приштина одржан „Марш за слобода“ во поддршка на лидерите на ОВК кои се во Хаг

Албанци од неколку делови на Косово, Албанија и Македонија дојдоа на митингот за поддршка, организиран од граѓанската платформа „Слободата има име“

Во центарот на Приштина се одржа „Маршот за слобода“, митинг на Албанците во поддршка на водачите на поранешната ОВК кои се судат во Специјалниот суд во Хаг по обвинение за сторени воени злосторства во Косово за време на конфликтите во 1998 и 1999 година.

Заедно со знамињата на ОВК, Албанија и поретко САД, толпата носеше слогани како „Нема мир без правда“, „Слободата има име“ и „Во името на народот, прогласете ги за невини“.

На неколку страни од централниот плоштад, во близина на Народниот театар во Приштина, беа изложени фотографии од обвинетите Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Тие ќе бидат осудени во Хаг на 16 септември, а на централната сцена во Приштина е поставен часовник кој го одбројува времето до изрекувањето на пресудата.

Албанци од неколку делови на Косово, Албанија и Македонија дојдоа на митингот за поддршка, организиран од граѓанската платформа „Слободата има име“.

На собирот учествуваат и повоените партиски лидери, а пред тоа и регионални команданти на ОВК, предводени од Рамуш Харадинај.

Полицијата обезбедува витални објекти, а полициските сили се наоѓаат и околу верските места и пристапите кон српските заедници во близина на Приштина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс