Според податоците што ги објави ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември 2026 година достигнала 70.827 денари, што е за 469 денари повеќе од октомври, кога изнесувала 70.358 денари.
За четиричлено семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребните месечни средства се уште повисоки и изнесуваат 86.202 денари. Тоа е дополнителен трошок од 15.375 денари во однос на основната синдикална кошница.
Од ССМ посочуваат дека секое ново поскапување значи помалку пари за храна, сметки и основни семејни потреби.
„Не е доволно платата да се зголеми на хартија, ако секој месец во продавница работникот може да купи сè помалку“, порачуваат од ССМ.
Синдикатот предупредува дека номиналниот раст на платите не е доволен доколку не е проследен со подобрување на куповната моќ на работниците.
