Според најавата, станиците треба да почнат со работа до крајот на 2026 година.
Новата мрежа е изградена во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени и Брајчино. Пречистителни станици се градат за овие пет села и за Сливница. Целта е отпадните води да се собираат и третираат пред да стигнат во животната средина и Преспанското Езеро.
Според постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, од новата инфраструктура директна придобивка ќе имаат повеќе од 1.500 жители. Еваут Сандкер од Делегацијата на ЕУ изјави дека собирањето и третманот на отпадните води се важни и за секојдневните услови за живот и за заштитата на езерото.

Со програмата е предвидена поддршка и за комуналното претпријатие „Пролетер“ во Ресен, преку возила за собирање отпад, канти за домаќинствата и информатичка опрема. Од програмата информираат и дека градежните работи на граничниот премин Маркова Нога се во завршна фаза.

„ЕУ за Преспа“ е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува УНДП во партнерство со националните и локалните институции.