Search

Во МКЦ – концерти, филм, претстава, изложба…

Младинскиот културен центар во Скопје оваа недела има богата агенда со неколку концерти, филмска премиера, изложба и претстава.

Во среда, 26 април, во МКЦ ќе биде премиерата на филмот Преекспонирано во режија на Елеонора Венинова. Приказната на филмот следи една проблематична тинејџерка која ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена. Во филмот играат  Камка Тоциновска, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов.

Следниот ден, во четрток љубителите на добрата музика ќе имаат можност да ја слушаат Мишел Гуревич, која ќе настапи во Dancing салата во МКЦ. Таа е Канаѓанка, со руско потекло, која е редовно распродава концерти во Истанбул, Берлин, Варшава и Атина. Гуревич воспостави линија која ја врзува источноевропската дијаспора, берлинската квир сцена и оние со истенчен вкус за мелодраматичните балади на Шарл Азнавур, Зеки Мурен…

Изложбата на Марија Чепишева посетителите на МКЦ ќе може да ја посетат на 28 април, во петок, додека во сабота, на 29 април на сцената во МКЦ ќе „згрмат“ Nile со нивните можни рифови, кои ги прават оригинални и препознатливи помеѓу „дет-метал“ бендовите.

МКЦ исто така организира концерт на музичката група ЕFTERKLANG во прекрасното Крушево. Музичката група EFTERKLANG од Копенхаген, Данска ќе престојува на музичка резиденција во Скопје од 23-29 април, каде во текот својот престој, во соработка со неколку локални, ќе работат на заедничка музика. Музичкото дело, премиерно ќе биде изведено на 30 април (недела) во Крушево, пред споменикот Македониумот, таман на зајдисонце. Настанот ќе започне во 17 часот, а влезот е слободен.

Најново

Последни колумни