Во КПЦ Јадро промоција на меѓународната антологија за постјугословенската уметност и „духовите“ на социјализмот

Во КСП Центар-Јадро ќе биде промовирана антологијата „Contemporary Art in the Post-Yugoslav Space: Case Studies in Hauntology“, издание на Routledge Books, со учество на автори и уредници кои ќе дебатираат за современата уметност, југословенското наследство и политиките на сеќавање.

Во КСП Центар-Јадро, на 20 мај со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Contemporary Art in the Post-Yugoslav Space: Case Studies in Hauntology“, објавена од Routledge Books во 2025 година.

Книгата, уредена од Џон Блеквуд и Јасмина Тумбас, ги истражува културните и материјалните наследства на југословенскиот социјалистички период, како и нивните трансформации во услови на доцен капитализам. Особено внимание во антологијата ѝ е посветено на Македонија, преку текстови на Биљана Тануровска-Ќулавковски, Славчо Димитров, Бојан Иванов, Ивана Васева и Џон Блеквуд, кои ги анализираат уметничките и културните процеси од периодот на социјализмот до постсоцијалистичката сегашност.

На настанот ќе учествуваат дел од авторите и уредниците на изданието, а разговорот ќе отвори теми поврзани со хонтологијата, квир-перспективите, неврзаноста и современите политики на сеќавање во контекст на постјугословенскиот простор.

Настанот е отворен за јавноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс