Search

Внимание: И во добро и во лошо, важно е да се чуе гласот на граѓаните за убиството на Вања Ѓорчевска

Трагедијата на Вања ја потресе целата нација. Екипата на „Внимание, внимание“ смета дека и во добро, и во лошо, важно е да се чуе гласот на граѓаните.

Во последната анкета на „Внимание, внимание“ граѓаните споделуваат емотивни искуства како се справиле со шокантните вести. На прашањето, дали сметате дека случајот со Вања беше во разумно време расчистен од страна на МВР и Обвинителството, повеќето испитаници одговараат потврдно. Повеќето граѓани забележале ширење лажни вести за случајот, и сметаат дека треба да се воведе казна за ширење лажни вести во случај на убиство или трагедија.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни