Со особено задоволство „Внимание“ беше гостин на јубилејното издание на Дрим Шорт Филмскиот Фестивал, кое се оддржува од 5 до 9 август 2026 во Паркот на поезијата во Струга. Ги прашавме посетителите: Кој е твојот „омилен кадар“ од Струга што заслужува да влезе во филм? И кој “струшки звук” би го додал/а?: „Мостот на поезијата, со устието на Дрим, со звукот на браната…“, „Цела река Црн Дрим со сите мостови“, „Пливалиште – затоа што имаш езеро, имаш кафе, имаш се у едно… А кој звук – звукот на тишината“; „Паркот… и кадар со музика на Дина Јашари“.
Еве што велат на Дрим Шорт Филмскиот Фестивал – „Што ѝ фали на Струга? Охридски геврек, повеќе Холанѓани или можеби нешто трето?“: „Ништо не и фали на Струга… Се си има“, „Холанѓани да, носат добра култура тие… туристи од целиот свет да доаѓаат“, „Холанѓани дефинитивно секогаш фалат…“, „Стружани сами во лето…“, „Повеќе филмови… зашто како Струга нема друга“, „На Струга и недостига сето она што и недостига и на Македонија – одговорност, достоинство и воспитани луѓе во круговите на одлучување.“
Што велат филмаџиите на Дрим Шорт Филмскиот Фестивал и стружани, „Кој треба да ја игра улогата на Дракула во филмот “Крвта му ја испивте на езероно”?“: „Па ваљда ќе биде најсоодветно некој скопјанец да биде тоа“, „Тимоти Шаламеј“, „Мислам дека секој стружанец што има против туристи и туризам“, „Тие што го загадват езерото“.
На крајот, ги прашавме посетителите на Дрим Шорт Филмскиот Фестивал: Зошто „Капка по капка – езеро“, а не е „Лајца по лајца – езеро“? Еве што ни кажаа: „…лајците и виљушките им припаѓаат на колегите од Струшки вечери на поезијата, а нас капките…“, „Пошто обично треба да падне капка крв за да се направи добар филм“, „Со лајца дека сркет, најчесто би рекле Охриѓани, а не стружани… – олџиче по олџиче – езеро“, „Лајца по лајца зошто да не?“, „Зошто да не… малку така, покреативно“, „Зошта да не лајца по лајца езеро – оти не е Дојранско…“.