Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Град Скопје најави авионска дезинсекција против комарци на 27 и 28 јуни во раните утрински часови, со можност за одложување поради временски услови.

Градот Скопје ги информира граѓаните дека претстојниот викенд, на 27 и 28 јуни 2026 година (сабота и недела), во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, прскањето ќе биде одложено за првиот следен ден со поволни услови, во истиот временски термин.

Од надлежните апелираат пчеларите навреме да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс